Зоран Заев одамна го изгуби кредибилитетот меѓу граѓаните

 

Политичкото минато на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и најблиското раководство на СДСМ веќе има фрлено темна дамка врз нивниот кредибилитет.

Промената на ставовите, контрадикторните изјави и некоординираните настапи се цврст доказ дека вистината за овие луѓе не е концепт.

Имено, Зоран Заев сам си ги порекнува сопствените изјави и тврдења постојано потврдувајќи го фактот дека тој ја манипулира јавноста.

Последниот пример е неговата контрадикторност по прашањето „Дали имал средби со Груевски“, но и изјавите дека не бил близок со Верушевски кои веднаш беа демантирани.

Лидерот на СДСМ лично и преку својот портпарол ги уверуваше граѓаните дека немал тајни средби со премиерот. Иако ваквите изјави се случија пред само неколку дена, Заев се премисли, па вчера призна дека средби со Груевски сепак имал уште пред неколку месеци.

Од Бихаќка велеа дека Заев не бил близок со Верушевски, но со брзина на светлината таквите нивни тврдења беа пробиени и докажани како невистинити. Не само што тој многу добро го знае Верушевски, туку и неговиот најдобар пријател лично ја криел сопругата на Верушевски во својот дом.

Дека на изјавите и политичките настапи на Зоран заев не може да им се верува, потврдуваат и експертите.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов уште вчера во изјава за Курир ја анализираше прес-конференцијата на опозицискиот лидер за кој посочи дека повеќе нема кредибилитет пред јавноста и дека граѓаните не треба да му веруваат.

Очаен, уплашен и фатен на дело, така изгледаше Заев, вели политичкиот аналитичар Пандов. Тој додава дека сценографијата, начинот на говор и сето она што се случуваше вечерва во СДСМ наликува на времето на Бранко Црвенковски и неговите настапи во време кога беше во слични ситуации и кога доживуваше големи порази.

-Тоа беше една сценографија која многу пати претходно ја имавме видено после секој политички пораз на Црвенковски, по што тој излегуваше на истата таа прес-говорница, кога во позадината го има своето претседателство, некои луѓе од комитети собрани да плескаат. Тоа е ситуација на еден крајно очаен човек, уплашен човек, човек кој што е фатен на дело. Самите пораки кои што ги пренесе тој таму, за мене барем, се максимално немеродавни затоа што прво нешто што паѓа во очи е дека во минатите 5-6 месеци, постојано на секое прашање „Дали има комуникација со Груевски“, господинот Заев одговараше дека нема никаква комуникација, рече Пандов.

Политичкиот аналитичар вели дека сега кога Зоран Заев е фатен на дело, ја променува изјавата и кажува дека имал комуникација со премиерот.

-Заев е човек во чии кажувања не можете да верувате, рече Пандов за Курир.

Сега се поставува прашањето- ако Зоран Заев и неговите најблиски соработници лажат за вакви ситници, за што уште ја манипулираат македонската јавност?

Бидејќи сега ги излажаа македонските граѓани без ни малку срам и без “око да им трепне“, остана отворено и прашањето колку се сриозни материјалите кои толку гордо се фалат дека ги имаат, а упорно избегнуваат да ги споделат.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега