Груевски во Штипско ќе изврши увид на состојбите по обилните врнежи

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе го посети штипскиот регион и ќе изврши увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи.

Како што е најавено,  премиерот Груевски ќе ја посети општината Штип каде ќе оствари средба со градоначалниците од погодените општини, по што ќе ги посети населените места Ново Село, Кежовица и месност во близина на Кежовица викана 4-ти 

Инаку, во Штип во моментот заседава Кризниот штаб, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, директорите на сите водостопански претпријатија во источна Македонија, како и градоначалниците на 11 општини низ кои минува реката Брегалница. 

Вработените од општината, заедно со жителите, а вклучена се и припадници на АРМ, прават насипи со вреќи покрај коритото на реката Брегалница и тоа од Ново Село до штипската населба „9 Ноември“. 

Градоначалникот на Чешиново-Облешево Костадин Личков за МИА информира дека веќе по 50 куќи се поплавени во селата Чифлик, Облешево, Уларци, Чешиново од излевање на Злетовска река, реката Брегалница и од одводните канали.

Тој посочи дека  во моментот градежна механизација го проширува речното корито на Злетовска река. 

Елизабета Патарова директор на Клиничка болница-Штип информира дека имаат добиено насоки од локалниот кризен штаб бидејќи се очекува да се зголеми водостојот на реката Брегалница, да се евакуираат пациентит од физикална терапија-Кежовица, чиј објект е во близина на брегот на реката Брегалница. Досега, подвлече, се евакуирани 8 пациенти во штипската клиничка болница, а 12 пациенти заминале дома со помош од нивните семејства. 

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега