Македонската заедница во Данска: Заев со валкана игра си подигрува со националните чувства
Мачно и болно е кога во странските медиуми ќе се прочита и слушне како во Република Македонија некој се обидува со помош на странски разузнавачки служби, како и со уцеnување и заканување да направи државен удар врз една суверена и демократска држава, реагираат Македонците од Данска.
Тие преку соопштение посочија дека ова е низок удар на опозицијата, која преку странски тајни служби сака да ги потцени и граѓаните на РМ и Македонците кои живеат во дијаспората.
- Би сакале да го потсестиме господинот Заев дека времето на социјализмот и комунизнмот одамна помина и дека единствен начин на кој тој може да дојде на власт е на избори на кои граѓаните ке се изјаснати при учество во парламентот на Република Македонија. Низок е ударот на лидерот на нашата опозиција, која преку странски тајни служби сака да ги потцени граѓаните на Република Македонија како и сите македонци кои живеат во дијаспората, се вели во соопштенијата.
Во време кога ние како македонци сме изложени на постојани искушенија од страна на нашиот јужен сосед и кога со сите сили се бориме да го зачуваме нашето име, јазик, идентитет и достоинство, реагираат Македонците кои живеат во Данска, несмасно е од страна на г-динот Заев да се служи со ваква валкана игра поигрувајќи си со националните чувства на македонскиот народ.
- Покрај тоа што ваквата алчност за власт е на штета на целата наша држава, ова исто така е потценување и на членовите и симпатизерите на СДСМ, кои со овие дејствија на Заев стануваат негови заложници во борбата за власт. Со оваа обраќање, сакаме да им ја искажеме целата поддршка на државните и правните институции за целосно расветлување на овој немил случај за Република Македонија, посочуваат од Македонската заедница во Данска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









