Лавина кај Бигорски Манастир го прекина сообраќајот од Маврово кон Дебар

 

Лавина од снег и камења која утрово околу 9.30 часот се урнала на коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот Манастир го прекина одвивањето на сообраќајот на овој патен правец.

Од СВР Тетово информираат дека нивни екипи непосредно по пријавувањето излегле на терен и оти под наносот нема затрупани возачи и патници.

Во меѓувреме повикани се и екипи кои наскоро треба да почнат со расчистување.

Од утрово, заради обилните снежни врнежи, на овој патен правец, освен за камиони, забранет е и сообраќајот за автобуси.

Заради снежното невреме проследено со ветер, од полноќ има прекини во снабдувањето со електрична енергија во населените места по долината на Радика, а од утрово без струја се и населените места во мавровскиот регион.

Според информациите од теренот во околината на Маврово од вчера до денес напаѓаа нови 40-тина сантиметри снег.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега