ПРЕПОРАКА: Вечерва не патувајте низ Македонија ако не е итно

 

ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради поголеми остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. На сите овие патни за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ: Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

ИНФОРМАЦИЈА: Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. Поради влошените услови за сообраќај, препорачуваме до сите возачи да не се тргнува на пат во ноќните часови, доколку потребата не е итна. 

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега