ВИДЕО: Граѓаните се упатија кон седиштето на СДСМ - дождот не е проблем
Стотини луѓе кои се одзваа на повикот за спонтан протест како израз на револт поради соработката со странски служби, по нивното собирање во Жена парк се упатија накај седиштето на СДСМ пренесува А1 Он.
Никој од присутните не сакаше да говори јавно, но дел од нив кажаа дека биле повикани да се појават во Жена парка дел отворено кажаа дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
А1он има информации дека групи на луѓе организирано и од други локации се упатиле накај седиштето на СДСМ.
-Ова што денеска ни беше обелоденето е жив срам за нашата држава и за нашата нција! Очигледно е дека самите од себе си патиме и дека треба конечно да се стави крај на работењето против нашиот народ, против нашата татковина. Неколку пати ја продадоа Македонија, името и го сменија, знамето и го сменија, а еве сега и сакаат да не продадат на странски служби. Ние сме МАКЕДОНЦИ и треба да си ја чуваме нашата МАКЕДОНИЈА!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









