Никој не го спречува Заев да ги објави материјалите кои ги добил од странски разузнавачки служби

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како четвртоосомничен во полициската акција „Пуч“ се терети за “насилство спрема претставници на највисоките државни органи“.

Наместо да и даде конкретен одговор и објаснување на јавноста, тој изјави дека ништо нема да го спречи да ги објави материјалите.

Фактот што тој е единствениот осомничен кој не е во притвор е доказ дека никој не се обиде да го спречи во тоа.

Зоран Заев и покрај тешкото обвинување е на слобода. Така, може уште вечерва, по состанокот на Бихаќка да ги објави пред јавноста материјалите кои му ги дала странската разузнавачка служба.

Со истите тие материјали тој му се заканувал лично на премиерот Груевски од кого барал предвремени избори и техничка влада фалејќи се дека соработувал со странски разузнавачки служби.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега