Груевски: Вакви уцени не прифаќам, не сме Македончиња туку Македонци

Се прави сериозна штета за државата, креирано сценарио на кое сите сте сведоци од почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето до граѓаните.
-Можеби многумина ќе речат дека не требаше да ја направиме оваа постапка, но има некои работи кои ниту еден совесен човек и политичар не смее и не може да ги игнорира. Таква работа е интересот на државата. Ве повикувам да се запрашате што би направиле на мое место? Во цели 24 години независност на Република Македонија ниту еден политичар, ни најконтроверзниот, не направила. Сакам да порачам дека закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња туку Македонци. Ова е голема штета за државата по нејзиниот углед и имиџ. Штета што тој посегна по ваков подмолен начин наместо со идеи и визија и програма, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









