„Сон на летната ноќ“ во изведба на Турскиот театар

 

НУ Турски театар Скопје вечер на сцената во Театар Комедија ќе ја изведе репризата на претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Александар Поповски.

Сценограф  на претставата е Свен Јонке, костимограф Јелена Проковиќ, а музиката е на Кирил Џајковски. 

Улогата на Тизеј во претставата ја толкува Атила Клинче, на Хиполита Сузан Акбелге, на Егеј Тамер Ибрахим, а на Лисандер  и  на Деметар актерите Осман Али и Селпин Керим.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега