Со подобра сообраќајна инфраструктура до подиманичен развој на Демир Капија

 

Општина Демир Капија континуирано спроведува проекти од областа на инфраструктурата за подинамичен развој на општината, смета градоначалникот Трајче Димитриев.

-Планирана е асфалтирање на улицата „Радњанска“ со што постоечкиот асфалт ќе се санира и врз него ќе се постави нов. Ќе се реконструираат улиците „Илинденска“, „8-ми Март“, „Питу Гули“, „11 Октомври“, „Партизанска“, „Орце Николов“, „Гоце Делчев“. На овие улици се планира да се изврши тампонирање да се постават ивичници и да се асфалтира коловозот, посочи Димитриев.

Пробивање и асфалтирање ќе се изврши на дел од улицата „Радњанска“ со што ќе се добие поврзување со улицата „Првомајска“.

Градоначалникот на Демир Капија вели дека реализацијата на овие активности значително ќе ја подобри сообраќајната инфраструктура во општината, што пак ќе придонесе за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Димитриев нагласува дека сп овие проекти ќе се добие подобра поврзаност со магистралните и регионални патни правци кои поминуваат покрај Демир Капија, како и подобар пристап до градежните парцели, со што се очекува да биде зголемен интересот кај инвеститорите.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега