ФОТО: Демир Хисар го подготвува теренот за поројните дождови

 

По интервенциите што изминативе денови беа направени на неколку локации долж регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, механизацијата денеска беше ангажирана на расчистување на испустен канал кај мостот на Стара Река во населбата Мургашево, како и расчистување на дел од коритото пред мостот.

Од општина Демир Хисар соопштуваат дека со овој зафат значително се проширило коритото на реката, а се подобрила и пропустливоста на мостот.

d.hisar500

-Механизација работеше и на проширување и чистење на коритото на Суводолица пред сливот во Стара Река како превентивна мерка од преливање на водата по нивите и можно поплавување на куќите што се наоѓаат од десната страна на реката, се вели во соопштението.

d.hisar3-500

Од општинскиот Кризен штаб соопштуваат дека за време додека траат прогнозите од обилни врнежи од дожд, во работна готовност ќе бидат неколку градежни машини и теренски возила.

d.hisar2-500

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега