МЕТОАЛАРМ: Портокалова фаза во цела Македонија - предупредување за опасно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80 километри на час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни локално над 40 литри на метар квадратен.
На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со засилен јужен ветер. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни.
Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Во Маврови Анови утрово во 7 часот висината на снежната покривка била 24 сантиметри, 6 во Пожар и 2 во Лазарополе.
Во Маврово има врнежи од снег. Дува слаб до умерен, а во Пелагонија и Штипско засилен (60км/час) јужен и југоисточен ветер.
Минимални температури имаме -1 Маврово и Крива Паланка, 0 Лазарополе и Крушево, 1 Скопје –Петровец, Битола, Прилеп, Кавадарци и Тетово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Струмица, 3 Претор и Виница, 4 Штип, 5 Охрид и Дебар до 6 во Д.Капија, Гевгелија и Дојран.
Утре во раните утрински часови во западните делови и на некои повисоки места врнежите може на кратко да преминат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во претпладневните часови ќе има извесен прекин на врнежите, но повремено ќе дува засилен југозападен ветер. Нов поинтензивен влажен бран ќе има почнувајќи од попладневните часови, па се до недела попладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и повремено силен ветер. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.
Европската метео служба за денеска издаде предупредување од портокалова фаза за цела Македонија. Тоа значи дека времето кое се прогнозира ќе биде опасно и дека многу е веројатно дека ќе предизвика одредени штети
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









