ФЗОМ пример за отчетност и употреба на концептот на буџетирање по перформанси

 

На националната конференција „Транспарентност, перформанси и отчетност на Буџетот на Република Македонија“, која се одржа на 29 јануари во организација на Центарот за економски анализи и Институтот за демократија Социетас цивилис ФЗОМ беше потенциран како пример на институција со потенцијал и напреден пристап во буџетската транспарентност.

Концепотот на буџетирање базиран на перформанси и значајноста на отчетноста и транспарентноста на буџетските корисници беше главната тема на презентацијата на Владимир Димковски, одговорен за буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кој ја презентираше уникатноста на Фондот бидејќи истиот е единствен пример на употреба на овој концепт во својата работа, односно во финанасирањето на здравствениот систем во Република Македонија. Презентирани беа најзначајните проекти на Фондот кои го вклучуваат овој концепт, односно финансирањето на целите кај матичните лекари, условните буџети како и проектот за плаќањето на успешно извршени здравствени услуги.

На оваа конференција беше укажано на резултатите од мониторингот за транспарентност и отчетност на буџетските корисници, според кој ФЗОМ беше издвоен како најтранспарентна институција, но и фактот дека по објавувањето на резултатите, ФЗОМ презеде мерки за иднетификување на областите каде постои простор за подобрување на транспарентноста и веќе е направен напредок. Сите овие аргументи резултираа со тоа ФЗОМ да биде потенциран како институција со потенцијал и напреден пристап во буџетската транспарентност.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 10:42
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега