Се исклучуваат сите канали на Sport Klub и Fox во Македонија

 

Со најновата одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 35 кабелски оператори ќе треба да ги ислучат телевизиските канали FOX, Fox Movies, Fox Crime, 24 Kitchen, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Sport Klub Prime, Sport Klub ND, Sport Klub Plus HD, Sport Klub prime HD, Sport Klub premium HD i Golf Klub.

Оваа одлука доаѓа по извршениот вонреден програмски надзор врз работата на сите 49 оператори на јавни електронски комуникациски мрежи.

Во образложението пишува дека Агенцијата не издала дозвола за емитување на овие канали, и дека истите се емитуваат со акти издадени од агенциите за медиумите во Бугарија и Романија што е спротивно на законот, како и поради тоа што се емитуваат на српски јазик.

Доколку кабелските не ги исклучат каналите, против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки.

 

Целата листа на оператори кои ќе мора да ги исклчат каналите погледнете ја тука

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега