Кабелските оператори ќе исклучат едни од најгледаните ТВ канали!

Вкупно 35 локални кабелски оператори во земјава ќе мора да ги исклучат каналите „Фокс“, „24 часа кујна“, „Спрот клуб 1, 2, 3“ кои се во рамките на дигиталниот пакет на Македонски телеком и „Фокс“, „Фокс ккрајм“, „Спорт клуб прајм“ „Спорт клуб ХД“, „Спорт клуб плус ХД“, „Спорт клуб премиум“ кои се во пакетот на ХД Тотал бидејќи ги пренесувале овие канали без да обезбедат дозвола за реемитување од Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.
Ова се препорачува во вонредниот програмски надзор на Агенцијата на 49 оператори во земјава извршен пред два дена.
Во извештајот се констатира дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршат реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги , туку со дозволи од други држави.
Со решението од 27 јануари сите оператори се опоменуваат и се бара да се исклучат наведените програми.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









