Викенд временска прогноза: Темни облаци над Македонија, се спрема големо невреме

 

Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а во пладневните часови почнувајќи од запад ќе се зголемува. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер од јужен правец со удари коишто ќе достигнуваат и над 80 километри на час.

Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови каде што локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.Ноќта кон сабота висината на снежните врнежи ќе се спушта во западните делови и во некои повисоки места.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од осум до 12 степени.

Во Скопје ќе се задржи променливо облачно време со засилен југоисточен ветер. Попладне и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд кои повремено ќе бидат и пообилни.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Нови пообилни врнежи се очекуваат во сабота ноќта кон недела и во недела во текот на денот кога повремено врнежите ќе бидат и поројни проследени со грмежи и со силен ветер.

Температурата во недела ќе биде повисока и ќе се движи некаде помеѓу девет и 14 степени.

Нешто помалку врнежи се очекуваат во понеделник, додека во вторник ќе има преодно стабилизирање, меѓутоа температурите ќе бележат благо опаѓање.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега