Најскап е пратеничкиот бензин

 

Не е точно дека сум земала по 5000 евра месечно, дека сум пријавила 660.000 километри годишно и не е  точно дека наведената сума се однесува на ноември 2014 година. Износот од 23.000 евра е за патни трошоци за 2013 и 2014 година.
Вака пртнеичката на ВМРО-ДПМНЕ ги објаснува серијата обвинувања од медиумите на СОРОС дека за една година потрошила 23.000 евра. Случајно или не, истите медиуми во јавнста не го објавија списокот на пратеници чии автомобили трошат најмногу.
Ако се има предвид изјавата на Бонева, тогаш апсолутен рекордер кога стнува збор за патните трошоци е пратеникот на СДСМ од претходниот мандат. Менде Динески. Иако немаме информации со каков автомобил се возел, Динески, за 12 месеци потрошил неверојатни 20.000 евра за патни трошоци или во просек, неговиот превоз, граѓаните на Македонија ги чинел над 1660 евра месечно.

 

Скапо се возела и Весна Бендеска. За да доаѓа на работа вов Собранието, граѓаните во 2013 година и платиле 18.300 евра. Ако се земе предвид дека пратениците на СДСМ меѓу кои и Бендеска во 2013 година два месеци беа во бојкот и не доаѓаа на работа, математиката вели дека Бендеска за пат трошела 1800 евра месечно. 1000 евра помалку и требале на Цветанка Иванова една година да доаѓа од Стумица во Скопје, а Митре Вељаноски за истиот период за патот од Охрид наплатил 18.600 евра.
 
Можеби имињата на Дивна Ефтимова, Саве Марачков и Светлана Мазгалова не ви значат ништо  бидејќи ретко можеше да се видат на собраниската говорница, но во собраниската благајна тие стоеле зад ставката, големи трошоци. Тројцата заедно за една година извлекле 56.000 евра а највеќе чинла Ефтимова која за 10 месеци работа зела скоро 20.700 евра.

Математиката вели дека само на 12 пратеници на СДСМ во 2013 година граѓаните за патни трошоци им платиле неверојатни 13 милини денари или близу 210 илјади евра. Ако си има предвид дека социјалдемократите ја бојкотираа работата на собранието во првите два месеци од годината, пресметките велат дека месечно, за да доаѓаат на работа, граѓаните им плаќаат неверојатни над 20 илјади евра.

 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега