МОН: 8.114 ученици дел од денешната екстерна проверка

 

Согласно акцискиот план и предвидената динамика, процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години- трета и четврта, во средните училишта, денеска опфати 8.114 ученици во 34 општини во Македонија.

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека, процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците целосно и успешно заврши во средните училишта во Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Демир Хисар, Делчево Кратово, Крива Паланка, Крушево, Велес, Радовиш, Прилеп, Битола, Штип, Кавадарци, Кочани, Охрид, Струга, Маврово – Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Липково, Неготино, Пробиштип, Ресен, Свети Николе и Центар Жупа, како и во сите средни училишта на територијата на Град Скопје.

Во општина Струмица процесот се реализираше во СОУ “Јане Сандански“ и СОУ “Никола Карев“, со исклучок на СОУ “Димитар Влахов“. Делумна е реализацијата и во средните училишта во општините Тетово, Гостивар, Кичево и во Куманово, каде во СТУ “Наце Буѓони“ по вчерашниот бојкот, денес процесот се реализираше непречено. Дебар и натаму е единствената општина, каде што процесот воопшто не се реализира.

Тестирањето се одвива од 26 јануари, според распоредите објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, а ќе се реализира заклучно со 30 јануари.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега