Македонија повторно мрзне - кој град е најладен утринава?

 

Во текот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од дожд и од снег, каде врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 1 до 7 степени.

Минималните температури во седум часот беа -5 во Маврови Анови, -3 во Крушево и Лазарополе, -1 во Крива Паланка, нула во Струмица, Куманово, Берово, Прилеп, Тетово, Штип Претор, Виница и Дебар, еден во Скопје, Битола, Кавадарци Охрид и Д.Капија, три во Гевгелија и четири во Дојран.

Во среда ќе преовладува облачно време со услови за локални врнежи претежно од снег, а во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне и во деновите од викендот се очекуваат нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега