Екстерното спроведено во 35 општини, тестирани над 8.000 ученици

 

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека во рамки на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно акцискиот план и дефинираната динамика, денес беа тестирани вкупно 8.193 ученици, во 93 училишта во 35 општини во Република Македонија.

-Процесот е целосно и успешно заокружен во училиштата во Скопје, Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Демир Хисар, Маврово – Ростуше, Липково, Штип, Св.Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Центар Жупа, Македонска Каменица и Крива Паланка. Во општините Струмица, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, каде процесот е реализиран делумно, ќе бидат утврдени дополнителни термини за тестирање на дел од учениците. Во единственото средно училиште во општина Дебар, процесот не е реализиран, се вели во соопштението од Министерството.

Екстерната проверка на постигањата на вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година), како и проверка на објективноста на оценувањето на 3.923 наставници по 2.622 предмети, ќе продолжи да се реализира заклучно со 31.1.2015 година. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега