Нови шест училници за средното училиште во Делчево

 

 

Започнатата изградба и целосно опремување на шест нови училници за Средното општинско училиште „Методи Митевски - Брицо“ во Делчево ќе се финансира со средства од европските фондови преку ИПА програмата, истакна на денешната прес- конференција градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.

Со реализација на овој проект ќе се овозможи едносменско работење и ќе се создадат подобри просторни услови за одржување на воннаставните активности и на секциите за слободни ученички активности.

Проектот, подвлече Шехтански, во кој ќе се инвестираат 125. 633 евра, ќе овозможи и намалување на средствата што се трошат за загревање, бидејќи со неговата реализација ќе се подобри и енергетската ефикасност.

Според предвидената динамика, градежните и занаетчиските работи ќе се завршат до крајот на јуни годинава, а користењето на шесте нови училници ќе започне од почетокот на учебната 2015/2016 година.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега