Кавадарци ќе го реши проблемот со паркингот

 

Општина Кавадарци е на добар пат да го реши долгогодишниот проблем со паркингот.

Градоначалникот Александар Панов информира дека до крајот на оваа недела, ќе биде распишан јавен повик на кој очекува да се јават повеќе заинтересирани.

-Кавадарци заврши со една трајна постапка за регулирање на паркинг местата. Сите услови ќе бидат објавени во тендерската документација. Упатувам повик до сите оние кои што имаат интерес овој бизнис да го превземат во општина Кавадарци за конечно паркирањето да го ставиме во нормален ред, рече градоначалникот.

Во Кавадарци во моментов има од 800-1000 паркинг места.  

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега