Избрани најдобрите здравствени установи во Македонија - кои се тие?

 

Според резултатите од имплементацијата на системот Баланс скор кард Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е клиника која ги постигнала најдобрите резултати во 2013 година. Таа ги исполнила сите критериуми односно клиника работела без долгови, не го надминува буџетот за медицински потрошен материјал, поттикнува воведување на нови интервенции на работа и согласно спроведените анкети пациентите се задоволни од здравствените услови, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Со имплементација на системот Баланс скор кард секоја година ќе се избираат најдобрите здравствени установи кои постигнале надобри резултати во 4 области и тоа финансии, пациенти, клинички фокус, развој и обука. Имплементацијата на овој систем има за цел да ја поттикне установите за унапредување на работа и поголема ефикасност.

Персоналот на оние здравствени установи кои 2 години последователно ќе бидат избирани за најдобри ќе добива 10% надомест од минималната плата во рок од 3 месеци.

-Согласно податоците од оваа евалуација на системот, клиники со најдобри постигнувања (во 2013 година) се: Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија  (Клиника која ги постигна сите предвидени таргети по индикаторите, односно клиника која работи без долгови, не го надминува буџетот за лекови и медицински потрошен материјал, поттикнува воведување на нови интервенции и научна работа, и согласно спроведените анкети пациентите се задоволни од здравствените услуги), Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиника за хируршки болести "Св.Наум Охридски", Универзитетска клиника за психијатрија, истакна Тодоров.

Меѓу клиничките и општите болници најдобри постигнувања во 2013 имаат: болниците во Штип, Гевгелија, Струга, Велес и Кочани.

Кај здравствените домови во топ 5 се издвоија здравствените домови во Валандово ,Скопје, Берово, Делчево и Пехчево.

Меѓу специјалните болници, најдобри постигнувања има Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново, од заводите најдобар резултат има Заводот за физикална медицина и рехабилитација со целосно исполнети таргети по индикаторите во областите на пациенти и клинички фокус, а од Институтите - Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој и покрај зголемениот број на пациенти, бележи намалување на долговите.

-Ова се базични резултати кои треба да претставуваат поттик за натамошно подобрување на постигнувањата на јавните здравствени установи, односно целокупно унапредување на здравствениот систем во државата.

За 2015 година развивме нова методологија со утврдени национални индикатори, како и индивидуални индикатори на успешност за секоја јавна здравствена установа, а предвидуваме поголем број индикатори во сите области, истакна Тодоров.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега