Пандов за РСМ: Ципрас ќе се држи до црвените линии

 

Со доаѓањето на Ципрас на власт во Грција не треба да очекуваме поголема флексибилност во односите со Македонија, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов кој беше денешен гостин во  „Кворум“ на РСМ.

Пандов верува дека официјална Атина нема да отстапи од црвените линии. Потсетува дека новиот грчки премиер воопшто не ја ни спомена Македонија и деценискиот проблем за името во својата кампања.

Нашиот јужен сосед, според Пандов, ќе има немирен период, зошто новата власт ќе мора да ги испочитува преземените обврски од меѓународните кредитори.

Ветувањата кои ги слушнавме пред изборите, а кои беа големи, народот ќе очекува да се исполнат, потенцира Пандов, но под знак прашалник како што вели тој е колку е се остварливо.

Целото интервју и неговата анализа, погледнете ги во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега