Важна вест за сите македонски возачи

 

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

На регионалениот пат Р2232 на м.р.”Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци - Гевгелија е во прекин поради излевање на р. Вардар.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, видливоста кај Страцин е намалена на 50 до 100 метри.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега