Се враќа снегот, доаѓа нов студен бран - временска прогноза за цела недела

Облачно време со слаби локални врнежи претежно од снег ќе преовладува до четврток. По некои котлини врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека во југоисточните делови ќе има дожд, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер се очекуваат во петок и за време на викендот.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток.
Утринава времето е облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. На планините ќе има повремен слаб снег. Доцна попладне, најпрво на југ и краен запад потоа и на исток ќе има повремен локален дожд кој во текот на ноќта и на некои пониски места ќе поминува во снег. Максималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. Во ноќните часови со услови за повремен слаб снег.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









