Вељаноски на меѓународен форум во Чешка

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, ќе учествува на четвртиот меѓународен форум „Let My People Live!” во Прага, на покана на спикерите на Домот на пратеници и на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Јан Хамачек и Милан Штех, и претседателот на Европскиот еврејски конгрес Моше Кантор.

На овој настан ќе се одбележи 70-годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа.

Форумот ќе се фокусира на три панел дискусии за растот на антисемитизмот, расизмот и политичкиот и религиски екстремизам во Европа.

Собранискиот спикер е остане во дводневна посета на Чешка.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега