ФОТО: УЈП настрада во Битола
Инспекторите на УЈП вечерва имаат сериозен проблем среде Битола. Додека тие биле во контрола на објектите во градот на конзулите, се уште непознати сторители ги издупчиле гумите на речиси сте нивни службени автомобили. Ова е втор ваков случај годинава. Претходно на 15 јануари беа издупчени гумите на автомобилите на Управата во Охрид по контролите во тој регион.
Од Регионалната дирекција на УЈП во Битола за економски.мк ја потврудваат информацијата. Раководителот на Дирекцијата Менде Матевски вели дека вечерва се слулчил инцидент во кој биле издупчени гуимите на повеќе автообили на Управата во градот. Била информирана полицијата, повеќе детали се очекуваат утре.
На подрачјето на Битола во последните два дена, извршена е контрола во ноќен клуб „Расчекор“, ноќен клуб „Перон“, кабаре „Давидов“, кабаре „Лектира“, кабаре „Ѕиу“, ресторан „Жежо“, ресторан „Роки кај Цане Боксеро“, ресторан „Триангл – кај чупињата“, ресторан „Слатка Малинка“ и гостилница „Реванш“, при што издадени се вкупно четири покани за наплата на глоба и 79 проверки на идентитет. Во кабаре „Давидов“ и кабаре „Лектира“ беше констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење, а во кабаре „Лектира“ беа затекнати 7 малолетници после 24:00 часот, од кои кај 6 малолетници беше констатирано присуство на алкохол. Од страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, на правното лице кабаре „Давидов“ изречена му е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет, парична казна од 2.000 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради непочитување на забраната за пушење и парична казна од 1250 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице. Во кабаре „Лектира“ констатирани се неправилности непочитување на Законот за заштита од пушење и неистакнување на лиценца за вршење на угостителска дејност „Кабаре“, меѓутоа поради недостаток на потребната документација, мерките ќе бидат изречени дополнително. На ресторан „Триангал – Кај чупињата“, гостилница „Реванш“ и кабаре „Ѕиу“ изречена им е мерка парична казна од 1.200 евра за правното лице, како и 300 евра на одговорното лице во правното лице за сторени прекршоци од Законот за угостителска дејност. Во останатите објекти не се констатирани неправилности.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа










