Екипите на терен: Каква е моменталната состојба во Македонија по врнежите?

 

По врнежите кои изминативе неколку дена ја зафатија Македонија состојбата низ повеќето општини се стабилизира, екипите се на терен и ги санираат штетите предизвикани од невремето, информираат од Центарот за управување со кризи.

Истовремено, во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состјбата во поплавнеите подрачја.   

Според информациите, критична останува состојбата во долното течение на река Вардар каде се заканува опасност од изливање на реката околу Демир Капија, пред клисурата како и низводно во правец на Гевгелија. 

Исто така и помалите притоки на р.Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (р.Бошава, р.Дошница, р.Стара, р.Кованска, р.Серменинска, р.Коњска и р.Анска) поради високиот водостој на р.Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се излеат и да направат заезерување и поплавување пред вливот, односно во устијата на реките.   

Екипи на сите надлежни институции се на терен и вршат расчитување на поплавните подрачја а на критичните делови се преземаат превентивни мерки.

Координативнотот тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции. На граѓаните кои имаат проблеми препораките се да се јават на бесплатниот број 195 во Центарот за управување со кризи. Исто така градоначалниците да ги активираат сите потребни ресурси и доколку имаат потреба да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

На сите возачите им се препорачува внимателно возење и информирање за состојбата на патиштата.

 

Во продолжение интергалниот текст од соопштението на Центарот за управување со кризи:

Штипски регион

Водоснабдување: Водата од водоводот во Пробиштип и околните села кои се снабдуваат од истиот е забранета за пиење поради заматеност. Водата во Штип не е за пиење, поради поплавување на бунарите. Исто така, поради поплавување на бунарите, без вода за пиење се селата: Лакавица и Балталија. Во општина Карбинци без вода за пиење се селата: Радање, Карбинци, Кучица и Козјак.

Состојба со патиштата и превземени мерки: Од Македонија Пат информираат дека има мали одрони на патните правци: Кочани – Делчево и Виница-Берово, а нивни екипи работат на расчистување. Се санира и штетата на мостот на р.Балталиска река кај с.Лакавица. На патен правец Штип – Радовиш, сообраќајот на мостот се одвива по една сообраќајна лента. Се работи и на поправка на патот Штип – с.Љуботен, а потоа и на оспособување на патот кон с.Балталија. Поради надојдените води од р. Крива Лакавица, во прекин се патните правци кон селата: Пухче, Степанци и Суво Грло. На р.Отиња сеуште е забрането движењето преку мостот кај црквата Свети Никола и трите пешачки мостови. Во опш.Карбинци, во прекин се патните правци кон селата: Радање, Козјак, Кучица и Аргулица како и регионалниот пат Штип - Карбинци. Во опш. Пробиштип сеуште останува забрана на движење на патот Киселица-Злетово поради свлечиште. Во текот на денешниот ден се очекува ова свлечиште да биде расчистено и сообраќајот да биде воспоставен. Поради срушен мост во прекин е патот кон селата: Ратавица, Драч и Бунец.

Поплавени површини и објекти:  Во с.Карбинци однесени се околу 30 м од патот и 100 м од брегот при што е поплавена поштата, работилница и една фарма. Во с.Козјак поплавени се 4 куќи и објекти на свињарска фарма во с.Таринци од излевањето на реките: Брегалница, Кучишка, Радањска и Козјачка. Поплавени се и земјоделски површини но штетата ќе се утврдува во текот на денешниот ден. Ангажирани се вработени на ЈП Плачковица за оспособување на водоводите и на локалните патиштаво општината. Поплавени се викендички, фарми и индустриски објекти по текот на р.Крива Лакавица на делот од клучката на 20-ти км до вливот во р.Брегалница кај с.Софилари. Комисии за процена на штета се излезени на терен.

Струмички регион

Во Општина Струмица – состојбата се нормализира. Патиштата се проодни и водноснабдувањето и електроснабдувањето е редовно. Има само повторно излевање на р.Вардар кај с.Марвинци при што е поплавено околу 90 ха. овошен насад и житни култури.

Велешки регион

Од ЕЛС Велес известува дека нејзина екипа работи на расчистување на наносите на мостот на р.Вардар кај Башино Село. Од ЕЛС Градско известуваат дека нема оштетување на мостовите на р.Вардар. Се преземаат мерки да биде острането големо дрво заглавено на мостот во атарот на с.Ногаевци. Од ЕЛС Демир Капија известуваат дека заради високо ниво на р.Вардар и нејзино прелевање преку мостот, сообраќајот по истиот кон с.Корешница е затворен за сообраќај.

Од ЕЛС Градско известуваат дека има излевање на р.Вардар во атарот на с.Виничани каде се поплавени мали површини земјоделско земјиште со пластеници и овошни насади. Општина Неготино изветува дека на мостот на р.Вардар во атарот на с.Пепелиште има наноси од дрва заради што се поплавени околните земјоделски површини, а во с.Војшанци на терен работи ангажирана механизација од ЕЛС Неготино и ЈП Комуналец.

Кумановски регион

По остранувањето на нанесената дрвена маса од страна на ЈП Водовод остранета е опасноста мостот кај с. Пчиња да биде срушен. Во текот на денешниот ден, по течението на Крива Река денес треба да се интервенира во селата: Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечовце, Шули Камен, за испумпување на водата на дел на индивидуалн и пропратни објекти. Исто така и по течението на реката Пчиња, во селото Пчиња и Студена Бара треба да работи на исрпување на вода на дел на индивидуални објекти и придружни објекти. 

Во општината Ранковце извршена е интервенција во селата: Гиновци, Псача, Ранковце како и на рибникот Гого Монд. Низводно на Крива Река поплавени се дел од земјоделските површини. Денеска ќе се продолжи со работа на приоритетните места определени со одлуката на Кризниот штаб

Во Општина Старо Нагоричане, во текот на вчерашниот ден, дејствувано е намостовите кај селата: Пелице, Враготурце и Коинце и остранета е опасноста од нивно рушење поради несена голема количина на дрвена маса. Денеска се работи на исцрпување на водата во с.Стрновац како и во бањата во истото село како и во с.Срезовце каде има поплавено индивидуални куќи, викендици и придружни објекти, како и во меморијалниот споменик АСНОМ.

Во Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден, интервенирано е на регионалниот патен правец Крива Паланка - с. Огут и на локалниот пат од с.Огут до с.Нерав при што се моментално се оспособени за сообраќај. Оспособен е локалниот пат према с.Трново. Во текот на денот се работи на расчистување на повеќе места.

Од опш.Кратово известуваат дека е  поплавен дел од патот кај с. Куклица како и селсиот пат Куклица кон с. Талиманци.

Битолски регион

Кај с.Вашарејца има излевање на р.Црна Река према с.Тополчани од двете страни, при што се поплавени  околу 300 ха од кои дел е обработливо а дел необработливо земјиште. Во текот на денот се врши санација на насипите на р.Црна Река кај с.Вашарејца        

Во опш. Демир Хисар имало мало излевање на р.Црна Река помеѓу селата: Единаковци и Света, меѓутоа, нема предизвикано материјални штети.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега