Опасноста помина: Опаѓа нивото на Вардар во Велес

 
По вчерашната опасност од излевање на Вардар во Велес, утрово дотекот на вода е намален, а паѓа и нивото на реката, со што е надмината и опасноста од излевање, информираше Регионалниот центар за справување со кризи во Велес. 
 
Златко Костов од Центарот изјави дека  и покрај синоќешните врнежи од дожд, нивото на Вардар кај Велес денеска е паднато за цели 50 сантиметри. Вчера попладне и во доцните ноќни часови, рече тој,  дотекот на вода на Вардар кај Велес бил рекордни 450 метри кубни вода во секунда, што е трипати повеќе од вчера утрото кога се регистрирани 133 метри кубни вода во секунда.
 
- Но затоа Вардар низводно до вечер претставува опасност од излевање  за Неготино и Демир Капија, изјави Костов.
 
Мали излевања на Вардар имало во реонот Бавчите во непосредна близина на Велес, како и кај селата Ногаевци и населбата Градско, каде биле поплавени земјоделски површини во близина на реката.
 
- Но со интервенција на екипи, а  по барање на  општинските власти, кај овие населени места биле отстранети наносите од гранки и дрвја кај мостовите и било спречено понатамошно излевање на реката, информираше Костов.
 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега