Докторот спиел, сестрите си пушеле цигари - ненајавена посета на Тодоров во Куманово

Mинистерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот Кабинет, по полноќ, ненајавено ја посетиле Општата болница во Куманово. Тој ги посетил Ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија.
Како што објави kumanovonews.com, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака.
Полноќната контрола утврдидила дека не е во функција тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во Општа болница Куманово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









