Словенечкиот селектор за Вугринец: Тој е наш човек, можеме да победиме

 

Македонија – Словенија е осминафинналиот пар на светското ракометно првенство во Катар. Натпреварот се игра во 16.30 часот утре, а до тогаш од двата табора ќе се води психолошка „војна“ преку медиумите.

Влогот е голем, пласман во четвртфиналето на мундијалот и отворени порти кон квалификациите за Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Словенечкиот селектор Борис Денич воопшто не е радосен дека треба да игра против Македонија. Тој за медиумите од таа земја изјави дека натпреварот ќе биде пеколен во текот на сите 60 минути.

- Ние Балканците знаеме да кажеме…Блазе си им на тие што предвреме се радуваат. Сигурно им е убаво, ама послатка е радоста после победата. Немаме некои емоции, сега сме максимално фокусирани на мечот што ни претстои, а Македонија е квалитетна селекција, но верувам дека можеме да ја победиме – изјави Борис Денич за словенечките медиуми.

Тој се осврна и на настапот на Ренато Вугринец, кој сега ќе биде од македонска страна.

- Вуги е мојот репрезентативен цимер. Сигурно нему ќе му биде најтешко. Тој е сеедно наш човек, како и да го завртите листот. Одлучи да игра за Македонија и нема да ми падне тешко, доколку одигра добро за нив на утрешниот меч. Секако, ако добие шанса за тоа – дополни Денич.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега