Ќе игра ли Вугринец против Словенија? - еве што кажа
Победата од 36:31 над Австрија на нашата репрезентација и го донесе посакуваното второ место во групата. Во осминафиналето за ривал ја имаме Словенија, а избегнат е домаќинот Катар. Во микс зоната поранешниот репрезентативец на Словенија, а сега македонски репрезентативец Ренато Вугринец изјави:
- Тешко е сега да се зборува. Го избегнавме Катар и ќе играме со Словенија. Јас за Словенија имам преку 200 натпревари и многу голови, судбината така сакаше, но јас сега играм за Македонија и ќе дадам се од себе за да изборам 1/4 финале. Тоа е еден натпревар влогот е голем за двете страни. Ќе решат подобрата дневна форма, денот и среќата за тоа кој ќе игра во 1/4 финалето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа