И Шпанија можен противник на Македонија
Македонија вечерва игра против Австрија во битката за второто место во групата, па во пресрет на дуелот ќе се занимаваме малку со „весела математика“.
Најверојатно во осминафиналето Македонија ќе игра против Словенија, според досегашниот развој на настаните и според сите очекувања за тоа како ќе заврши групната фаза на Мундијалот.
Доколку Македонија ја совлада Австрија, а Словенија загуби од Шпанија, тогаш во осминафиналето нашите ракометари ќе се сретнат со Словенците. Можен противник на Македонија во следната фаза е Катар, но под услов ние да загубиме од Австрија, а домаќинот на СП да заврши втор во групата А.
Има и уште една варијанта, која е тешко остварлива и која не е посакувана од наша страна.
Имено, Македонија во осминафиналето би можела да се сретне и со бранителот на титулата, селекцијата на Шпанија, но за да се оствари ова сценарио треба да се случи следново:
-Словенија да ја победи Шпанија со пет или повеќе голови разлика, а Катар да ја совлада Белорусија. Во тој случај Словенците би биле први во групата, Катар втори, а Шпанија трета. Доколку Македонија ремизира или ја победи Австрија, тогаш осминафиналната пресметка би била со Шпанците.
Како и да е, Словенија и Шпанија играат од 15:00 часот, додека Македонија и Австрија од 17:00, па по овие дуели ќе станат јасни многу работи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа