Груевски оствари средба со министерот за одбрана на Албанија

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес оствари средба со Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија.

Од кабинетот на премиерот Груевски, информираат дека соговорниците разговараа за повеќе теми и проекти од областа на одбраната, унапредување на взаемната соработка и размена на искуства кои ќе придонесат за дополнително интензивирање на односите помеѓу Република Македонија и Република Албанија.

Премиерот Груевски истакна дека Владата реализира реформи за унапредување и следење на стандардите. Тој ја потенцираше нашата стратешка определба за членство во НАТО алијансата посочувајќи дека Република Македонија зема активно учество во мировните мисии на НАТО и претставува активен партнер во исполнување на функциите и целите на Алијансата. Премиерот ја истакна важноста од искористување на потенцијалите меѓу двете држави во насока на зголемена соработка како во полето на одбраната, и во другите сфери од заеднички интерес.

Министерката за одбрана Кодели истакна дека Република Албанија активно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, посочувајќи дека државата ги исполнува стандардите за членство и партиципација. Таа посочи дека Република Албанија е подготвена за поддршка и реализација на проекти од регионално значење и дека тоа ќе придонесе за развојот на интегративните процеси на државите и за напредок на целиот регион.

Соговорниците  изразија подготвеност и волја за одржување на заедничка владина седница помеѓу двете земји што ќе влијае на унапредување на односите и можност за соработка и размена на мислења на различни проекти од взаемен интерес меѓу двете земји.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега