Која е најпродавана книга во Македонија во 2014?

Светскиот бестселер „Светот не е фабрика за исполнување желби“, кој доби и екранизација, е најпродавана книга во Македонија во 2014 година на електронската книжарница КупиКнига.мк.
И оваа година книгите на Коста Петров се на повисоките места на листата најпродавани книги по пат на електронска трговија, а од македонските автори на листата се уште двајца - Марија Јаневска и Венко Андоновски.
Како што соопшти КупиКнига.мк, најкупувани книги лани биле од жанрот белетристика (љубовни приказни и трилер) како и бизнис-прирачници.
На листата 20 најпродавани книги на електронската книжерница КупиКнига.мк се:
1. Светот не е фабрика за исполнување желби – Џон Грин
2. Се гледаме на врвот – Коста Петров
3. Тајната на сопругот - Лиен Мориарти
4. Нашето последно кафе - Коста Петров
5. Јас и ти - Кристан Хигинс
6. Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
7. Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ
8. На една свадба - Џули Џејмс
9. Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс
10. Дете 44 - Том Роб Смит
11. Само пријатели - Колин Хувер
12. Белешките на Лајла Грејс - Марија Јаневска
13. Ќерката на математичарот - Венко Андоновски
14. Во одбрана на Џејкоб - Вилијам Лендеј
15. Ангелски повик - Гијом Мисо
16. Како да ги унапредите своите преговарачки вештини - Д. Р. Гилберт
17. Прељуба - Пауло Коелјо
18. Сосед од пеколот - Р.Л. Метјусон
19. Дигитална тврдина - Ден Браун
20. Пакет: На една свадба + Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс
КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој, всушност, е агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Има понуда од над 40.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик, распределени во 136 категории и поткатегории.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









