Вугринец: Штета имавме шанса за добар резултат

 

Македонската репрезентација во натпреварот од 4.коло од групата го претрпе првиот пораз и тоа од фаворитот од групата Хрватска со 29:26. Во микс зоната нашиот репрезентативец Ренато Вугринец во куса анализа за натпреварот истакна:

- Игравме против Хравтска која е велесила во ракометот. Штета дека не успеавме да дојдеме до добар резултат. Немавме концентрација во сите 60 минути на потребното ниво. Големите репрезентации ги користат своите пет минути од судиите. Судиите знаат да се „загубат“ и со тоа го „убиваат ракометот“, но грешат на двете страни и кој искористи - искористи. Овојпат тоа беше Хрватска. Ние не бевме на ниво цел натпревар за да ја победиме Хрватска на едно Светско првенство.
За следниот ривал Австрија, Вугринец истакна:
-  Сакаме да го освоиме второто место во групата. Не очекува тежок натпревар. Лани на ЕП Австрија се покажа како добра селекција. Имаа добра контра и знаат да бидат опасни.
Сител.мк
 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега