Нема да ви се верува по колку пари добива секој ракометар на Катар за секоја победа
Секој ракометар во селекцијата на Катар, како и секој член на стручниот штаб инкасира 100.000 евра за остварена победа. Со оглед на тоа дека домаќинот забележа три победи, над Бразил, Чиле и Словенија, веќе имаат инкасирано по 300.000 евра на својата сметка.
Домаќинот на Светското првенство во ракомет - Катар, не штеди пари за премии на своите ракометари. Катарците, кои пред првенството донесоа многу ѕвезди во репрезентацијата, за секоја победа им даваат премија по 100.000 евра, јави спортскиот порталот „Екипа.мк“.
Согласно информациите до кои дојде овој потрал, секој ракометар во селекцијата на Катар, како и секој член на стручниот штаб инкасира 100.000 евра за остварена победа. Со оглед на тоа дека домаќинот забележа три победи, над Бразил, Чиле и Словенија, веќе имаат инкасирано по 300.000 евра на својата сметка.
Според бројот на ракометари и членови на стручниот штаб кој вкупно изнесува 22 лица, до сега се потрошени 6.6 милиони евра. Доколку до крајот од групната фаза го задржат максималниот ефект и остварат уште две победи ќе инкасираат дополнително по 200.000 евра што би значело дека ќе поделат уште 4.4 милион евра, вкупно 11 милион евра за премии.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа