ФОТО: Бугарин го фати крстот во Струмица

 

Во водите на базенот„ Аквариус“ во Струмица  светиот крст го извади 23-годишниот Иво Јонков  од  Русе, Република Бугарија.

Од  дваесетина учесници, годинава имаше пријавено и гости од Бугарија и токму тие имаа среќа да го фатат светиот крст.

-Ние сме од градот Русе, северна Бугарија, и дојдовме тројца . Слушнавме за традицијата и решивме да пробаме да го фатиме крстот, во водите во Струмица, рече Јовков.

Инаку централната манифестација по повод празник Богојавление-Водици се одржа во црквата Св. Кирил и Методиј, со почеток во 10.30 часот.

Годинава сите оние кои што сакаа да го фатат крстот на Водици, мораа да бидат на возраст од 13 до 33 години и да се од православна вероисповед.

Фото: Струмица Денес

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега