Груевски му честиташе на велешанецот Илков кој го фати крстот

Дваесет и осум годишниот велешанец Драган Илков го фати Светиот крст што беше фрлен денеска во водите на Вардар во Велес од Мало Мовче.
На свеченоста по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски, градоначалниот Славчо Чадиев и бројни гости и граѓани на Велес.
Илков, кој првпат се фрла по крстот, посака среќа и благодет за сите православни христијани.
- Моментно сум невработен и во 2015 година очекувам работа, а за себе и сите православни христијани среќа, благодет и здравје, изјави Илков, кому му упатија честитки премиерот Груевски и митрополитот на повардарската епархија Агатангел.
Илков доби подарок од Повардарската епархија, Општина Велес, ЈКП „Дервен“ и други спонзори и од кумовите на годинашната манифестација во Велес. По традиција Драган Илков со своите другари во наредните денови со светиот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









