Александар Ристовски го фати крстот во водите на Луда Мара

Дваесет и едногодишниот Александар Ристески го фати светиот крст во водите на реката Луда Мара во Кавадарци.
- На денешниот голем празник Водици посакувам многу здравје и среќа за сите, рече Ристески.
Од градоначалникот на Кавадарци Александар Панов тој доби плазма телевизор. Општината обезбеди и 24 бањарки за сите кои се фрлија по крстот.
Панов исто така посака здравје и среќа за сите, во присуство на голем број верници.
Оцени ја веста
19.01.2015 - 13:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









