ФОТО: Не им успеал планот - Албанци фатени во рацете на македонската полиција

 

Кривична пријава ќе биде поднесена против 34-годишниот A.Г. и 27-годишните Б.Г. и А.Б.  инаку државјани на Албанија, за сторено кривично дело “криумчарење".

-Вчера вечерта за излез од државата на Граничниот “Долно Блаце“ се пријавиле тројцата осомничени кои се превезувале со „Форд Фокус“, со италијански регистарски таблички. Од страна на полициски службеници возилото било селектирано за дополнителна контрола, ставено на канал и заедно со царинските службеници од Царинската испостава „Блаце“  била извршена подетална контрола на возилото, при што во истото во посебно импровизиран простор во возилото биле пронајдени две пластични кеси. Во едната биле откриени монети како и накит во вкупна тежина од околу половина килограм, а во втората кеса над триесетина парчиња машки часовници со различни марки (“Ролекс“, Патек Филипе“, “Омега“, “Спид Мастер“ и други) како и разни странски валути во различни апоени (англиски фунти, турски лири, канадски долари, австралиски долари...) во вкупна вредност од околу 1.000 евра, соопштуваат од МВР.

Лицата се приведени и задржани, а постојат индиции дека наведените предмети кои со потврда за привремено одземени предмети биле одземени и дадени на вештачење потекнуваат од други кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега