И наставниците во Свети Николе нема да штрајкуваат

 

Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев информира дека во вторник нема да има штрајк во трите основни училишта „Гоце Делчев“, „Кирил и Методиј“ и „Даме Груев“, градинката „Рахилка Гонева“ и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во општина Свети Николе.

- По остварените разговори со директорите на основните и средното училиште и детската градинка, заеднички е утврден ставот дека училиштата од нашата општина се подготвени за второто полугодие и поради заеднички интересен и на децата и на наставниците наставата ќе се одвива редовно, вели Тасев.

Од страна на образовните институции на општина Свети Николе и од ниту една друга институција, додава тој, нема најава за организирање и поддржување на штрајк

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега