Јоксимовиќ: Се повеќе се чувствувам како охриѓанец

 

Со свечена литургија, во црквата „Свети Никола - Геракомија“ во Охрид денеска им беше предадено кумството на новите кумови за празникот Водици во Охрид, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милевски.

Јоксимовиќ синоќа пристигна во Охрид заедно со неговата сопруга, со таткото и со неговиот син Коста. По црковната церемонија изјави дека се чувствува како охриѓанец и посака, верската традиција за овој празник во Охрид да ја видат колку што е можно поголем број луѓе од другите земји, пишува Охридпресс.

- По оваа света литургија денеска, секако дека се’ повеќе се чувствувам како охриѓанец, изјави Јоксимовиќ.

Како што кажа, манифестацијата за Водици минатата година кога тој одржа концерт за охриѓани, ја следел како гостин и уживал во повеќедневните празнувања  на брегот од Охридското Езеро.

- Огромна е честа што ми е укажана прилика во наредните денови да бидам во Охрид на толку голем христијански празник. Многу ми се допадна празнувањето на Водици во Охрид минатата година. Уживав гледајќи како целата таа манифестација овде се одбележува на многу убав начин. Се надевам дека од оваа година ќе прерасне во меѓународна и посакувам што повеќе луѓе да видат како народот овде ги негува христијанските вредности. Тоа е секако за пофалба, рече годинешниот кум на празникот Водици во Охрид Жељко Јоксимовиќ.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега