Просветните работници од Делчево и Македонска Каменица не го прифаќаат штајкот на СОНК

Второто полугодие од учебната 2014/2015 година во сите основни и во средното општинско училиште во Делчево ќе започне според утврдениот термин со Законот, соопшти градоначалникот Дарко Шехтански, по одржаниот состанок со просветните работници во Општината.
Директорите на ООУ „Св Климент Охридски„ , ООУ „Ванчо Прке„ и на гимназијата „Методи Митевски - Брицо„ информираат дека просветните работници не го прифаќаат штрајкот најавен од раководителите на СОНК и во интерес на воспитно-наставниот процес второто полугодие ќе го започнат според утврдениот распоред.
- Во сите училишта и градинки на подрачјето на општина Делчево се извршени потребните подготовки за нормално започнување на второто полугодие, изјави Шехтански за медиумите.
Со идентично соопштение се огласија градоначалникот и просветните работници од Македонска Каменица и информираа дека и во ООУ „Кирил и Методиј„ и во СОУ „Миле Јаневски - Џингар„ второто полугодие ќе започне според редовниот термин и дека штрајкот за нив е неприфатлив.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









