Гостивар: Наставата во училиштата ќе продолжи редовно

 

Од Општина Гостивар денеска информираа дека најавениот штрајк на СОНК нема да се одржи и оти наставата во општинските училишта во второто полугодие ќе продолжи според предвиденото.

- По остварените средби и разговори со директорите и раководителите на образовните институции и градинки, донесено е решение да не се поддржи највениот штрајк и да нема прекин во едукативниот процес. Тоа е со цел да не им се наштети на учениците, бидејќи образовниот процес е приоритет на општина Гостивар. Образовниот процес ќе започне според предвидениот распоред на 20 јануари, се вели во соопштението од општината.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега