Училишта во Пехчево подготвени за второто полугодие

Извршени се сите подготовки за успешно продолжување на воспитно-образовниот процес во предучилишното, основното и средното образование во градинките и училиштата во општина Пехчево, е заклучокот од средбата на градоначалникот на Пехчево Игор Поповски со директорите, пренесува МИА.
- Имаме добра соработка и како локална самоуправа редовно ги подмируваме нашите обврски и навреме градинката и училиштата ги снабдивме со нафта за парно греење и другите потреби за редовно одвивање на наставната и воспитната работа, изјави по средбата градоначалникот Поповски посакувајќи им успешно второ полугодие на учениците и наставниците.
Ванчо Сивевски, директор на ООУ „Ванчо Китанов„ и Гордана Вазлиска, директорка на ЈУ Детска градинка „7 септември“ изјавија дека вработените просветни работници и другиот персонал не го подржуваат најавениот штрајк од раководителите на СОНК и оти не гледаат никакви причини да не го започнат второто полугодие.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









