Наставници во Гевгелија против одлуката на СОНК за штрајк

 

Гевгелиски наставници нема да се приклучат на најавениот штрајк на СОНК и во вторник  ќе продолжат со предавањата во второто полугодие на учебната 2014/2015 година.

- Наставниците од нашето училиште членови на СОНК на денешниот состанок по пат на тајно гласање се изјаснија дека не го поддржуваат штрајкот на СОНК и дека во вторник сите редовно ќе бидат на своите работни места и ќе го продолжат наставниот процес во второто полугодие, изјави Магдалена Каркалашева, директор на ОУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија. 

Градоначалникот Иван Франгов изјави дека во сите училишта наставата непречено ќе продолжи, а доколку се случи некои наставници да се вклучат во штрајкот, ќе бидат заменети за да нема прекин во наставниот процес.

Според директорите на училиштата, се е подготвено за успешен старт на второто полугодие. Обезбедени се доволни количини нафта за греење и подмирени се финансиските обврски на локалната самоуправа за превоз на учениците.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега