Да помогнеме да се изгради камбанаријата на црквата „Св. Петка“ во Прилеп!

Претстојниот викенд односно 17, 18 и 19 јануари во Прилеп ќе биде во знакот на хуманитарната акција „Да се напиеме чај и кафе“ за изградаба на камбанаријата на црквата „Св. Петка“.
Сите добронамерници ќе имаат можност преку посетата на прилепските угостителски објекти овие денови да се напијат чај и кафе и со тоа да донираат средства со кои ќе се дополни фондот за изградба на камбанаријата на новата црква „Св. Петка“ која благодарение на многуте донации од верниците, бизнис секторот и локалната самоуправа се изгради во населбата Точила.
Воедно на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ блиску до јарболот ќе биде поставен и штанд каде ќе може граѓаните да се напијат бесплатно кафе и чај, а при тоа самоиницијативно да донираат во поставените кутиите за доброволен прилог. Оваа акција која се организира во пресрет на големиот христијански празник Богојавление - Водици е предходница на донаторската конференција која на самиот празничен ден 19 јануари во 13 часот ќе биде организирана во хотелот „Сонце“ Г.А.
По повод претстојната донаторска конференција градоначалникот Марјан Ристески им се заблагодари на сите граѓани и институции кои донирале средства и со тоа ја помогнале изградбата на црквата Св.Петка и воедно ги повика повторно да бидат дел од создавањето на трајните вредности и да ја посетата акцијата кафе и чај но и да присуствуваат на донаторската конференција за собирање на средства за изградба на камбанарија.
Црквата „Св. Петка“ која е од посебно значење за нашите верници, но и за Прилеп и прилепчани се гради според проект од нашите познати средновековни цркви, а во тек е поставувањето на иконостасот и сликањето на фрескоживописот . Изградбата на камбанаријата и партерното уредување се очекува да бидат завршени до храмовиот празник оваа година кога се планира и големото осветување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









