МО ги повикува младите граѓани да се пријават за професионални војници

Министерството за одбрана на Република Македонија ги повикува сите млади граѓани на Република Македонија да се пријават на објавениот оглас за професионални војници и со тоа да ја искористат можноста да бидат дел од Армијата на Република Македонија.
-Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност која вклучува четири фази т.е. поднесување на документи, медицински прегледи, психофизички тестови и процес на специјална селекција. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди, соопштуваат од Министерството.
Оттаму ги повикуваат сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници кој е објавен во дневните весници на Република Македонија и на веб – страницата на Министерството за одбрана.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









